Делегација од 15 компании од германската покраина Баварија, предводени од претставник на локалното министерство за економија, престојуваат во неколкудневна посета на Македонија, со цел да се запознаат со условите за инвестирање и да остварат првични контакти со македонски компании. На прес конференцијата, што во понеделникот се одржа во Скопје, баварските стопанственици ги интересирале можностите за соработка во енергетиката, автоиндустријата, машинството и здравството, односно модернизацијата на болниците, како и во изградбата на инфраструктурни објекти. Според првичните информации, сериозен интерес постои за инвестиции во обновливи избори на енергија, поточно изградба на малихидроцентрали.
Делегација од 15 компании од германската покраина Баварија, предводени од претставник на локалното министерство за економија, престојуваат во неколкудневна посета на Македонија, со цел да се запознаат со условите за инвестирање и да остварат првични контакти со македонски компании.
На прес конференцијата, што во понеделникот се одржа во Скопје, баварските стопанственици ги интересирале можностите за соработка во енергетиката, автоиндустријата, машинството и здравството, односно модернизацијата на болниците, како и во изградбата на инфраструктурни објекти.
Според првичните информации, сериозен интерес постои за инвестиции во обновливи избори на енергија, поточно изградба на малихидроцентрали.
Предвидено е претставниците на баварските компании денеска да остварат педесетина Б2Б состаноци со македонските компании.
Претставничката на министерство за економија, инфраструктура, сообраќај и технологија на Баварија, Урлике Волф изрази воодушевување од слободните економски зони и од напорите на владата за поттикнување на странски инвестиции.
„Овде сме за прв пат и оваа соработка ќе се интензивира со посети на македонски министри и роуд шоу најавено за наредната години. Сметам дека ќе најдеме и други области за соработка“, рече Волф, додавајќи дека првиот чекор на соработка не се инвестициите, туку воспоставување на врските.
Пред гостите од Германија презентација имаше вицепремиерот Владимир Пешевски, кој се осврна на поволните услови кои Република Македонија ги нуди за странските инвеститори, особено презентирајќи ги одличните реформи и мерки кои Владата ги презема во насока на подобрување на деловната клима, бизнис опкружувањето и даночната политика.
Реализирањето на што поголем број странски инвестиции преку континуирано унапредување на условите за водење бизнис и преку постојани средби и состаноци со бизнис заедницата и овозможува на државата дополнително да ги развива бизнис можностите за компаниите во Република Македонија, истакна Пешевски.
За време на средбата беа презентирани и условите кои што се нудат во технолошко- индустриските развојни зони во државата, како и брзите и ефикасни постапки за отворање и водење бизнис кои овозможува Република Македонија да е меѓу државите со најниски трошоци на ова поле во Европа.
На присуствуваше и министерот задолжен за странски инвестиции, Бил Павлевски, како и Амбасадорот на Сојузна Република Германија во Република Македонија, Гудрун Штајинакер, директорите на Стопанска комора Нинберг за централна Франконија и Стопанска комора на Германија во Македонија и претседателот на Македонско- Германското стопанско здружение.